
Музичките и уметничките настани и дискусиите кои се дел од промоцијата имаат за цел да поттикнат на размислување дека сите имаат право да живеат мирно, слободно и безбедно и оти сме способни да ги надминеме растечкиот страв од туѓинци и омразата кон различните од нас.
Со ова завршуваат активностите кои фондацијата „Отворено општество – Македонија“ ги спроведуваше во рамки на концептот Хуманитарна и правна помош за мигранти од 1 септември 2015 година до 30 септември годинава, во соработка со „Легис“, Македонско здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права.