
Годинава ќе бидат доделени уште 500, така што бројот ќе надмине 4.300. За нив досега се инвестирани над 2,5 милиони евра, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој денеска ја посети локацијата каде што се гради училишна спортска сала за ОУ „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје.
– Мерката „Спортска надеж“ за млади спортски таленти ја применуваме веќе неколку години и тоа е уште едно ветување што го остваривме. Одлуките кои ќе ги добијат стипендиите ги носат самите федерации, бидејќи тие најдобро ги следат младите спортисти и точно знаат кои од нив се најнапредни, најнадежни, најталентирани. На тој начин Агенцијата за млади и спорт во десет месеци од годината им исплаќа 20 проценти од просечната плата во Македонија како поддршка за нивниот напредок, тренинзите и за се она што им е потребно, а што е зголемен трошок за родителите чии деца се занимаваат со спорт и се талентирани, изјави Груевски.
Нагласи дека во спортот доосега се инвестирани повеќе од 100 милиони евра во инфраструктура и потсети на новите четири мерки во областа на спортот кои ги најави минатата недела.
– Тие сериозно ќе придонесат во директното финансирање на спортот, спортските кклубови, спортските федерации, на спортистите и тоа ќе биде голема помош за нив, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.