
На дневен ред на оваа седница се Извештајот за активностите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за периодот од 15 март до 15 септември годинава и Годишниот извештај за работата на Јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.
На собраниската седница и претходеше координација на пратеничките групи за текот на седницата и распоредот на дискутантите.
Во моментов по шестмесечниот Извештај за активностите на Специјалното јавно обвинителство се дебатира на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Комисиската расправа почна во среда минатата недела.