
Пред Собранието на Република Македонија вечерва се одржа собир за поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство.
Собирот беше во организација на Шарената револуција, а учесниците не фрлаа боја кон зградата на Собрнаието, туку го боеја булеварот. Според учесниците повод за нивното собирање е незадоволство од односот на пратениците кон специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за време на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на кој се разгледува Извештајот за работата на ова Обвинителство.
Собирот, кој траеаше час и половина, помина без инциденти.