
Непознато машко лице со прострелна рана во главата е пронајдено утрово во ходник во зграда, лоцирана на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, потврди МВР.
Неофицијално застреланиот маж е на 60-годишна возраст. Тој е пронајден во ходникот помеѓу првиот и вториот кат, а до него било пронајдено и оружјето од кое било пукано.
Од МВР соопштија дека случајот во СВР Куманово пријавен е во 7.35 часот. На местото на настанот увид вршат екипи на крим техника од МВР, јавното обвинителство и судска медицина.