
Вулканот Баруџари, како дел од вулканскиот комплекс Ринџани, може да предизвика нарушување на летовите кон и од меѓународниот аеродром на островот, додаде портпаролот, цитиран од ДПА.
– Луѓето во регионот се советувани да бидат внимателни, рече тој.
Аеродормот на островот Ломбок и блискиот остров Бали, минатата година во повеќе наврати беа затворани заради вулканска активност, потсетува ДПА.