
Караванот на слободата од денеска до петок ќе одржи неколку помали мултимедијални настани во Аеродром, Карпош, Центар и Чаир, како најава за големиот мултимедијален настан и концерт кој ќе се одржи в сабота, на 1 октомври, на сквер Јадран во Скопје.
Серијата настани вклучува флеш – моб перформанс во центарот на градот, музички и поетски перформанси.
Ден пред големиот концерт, на 30 септември од 12 до 21 часот, мултимедијален настан со повеќе уметнички содржини ќе се одржи на платото пред спомен – куќата на Мајка Тереза на улица Македонија.
За финалниот мултимедијален настан и концерт во Скопје, ќе биде обезбеден бесплатен превоз од шест поголеми градови во Македонија. Овој настан вклучува музички концерти, визуелна уметност, театарски и поетски перформанси и културни активности, кои опфаќаат различни општествени прашања.
Караванот на слободата е тримесечен фестивал, организиран од ЦИВИЛ – Центарот за слобода и поддржан од УСАИД, кој ќе ги користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свесност и граѓанското учество. Тој е динамичен мултимедијален проект, кој го поттикнува граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво