
Корисници на тие средства се грчките власти (вкупно 178 милиони евра се доставени до министерства, полицијата, армијата, крајбрежната стража, службата за бегалци и други надлежни институции) и меѓународни и европските институции и невладини организации (вкупно 175 милиони евра на Меѓународната организација за миграција, Европската канцеларија за поддршка при барање азил и Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации).
Според Комисијата во периодот 2016-2018 година финансирањето во врска со бегалската криза за Грција може да достигне 700 милиони евра.