
Од страна на полициски службеници излезено било на посоченото место каде од обавените разговори со очевидци на настанот констатирано било дека поради претходно нерасчистени меѓусебни односи, А.Ш.(1996) од Тетово и Л.С.(1997) од с.М.Речица, со дрвен колец физички го нападнале А.И. (1995) од с.Желино, при што му нанеле ТТП во пределот на главата – пукнатина на черепот и фрактура на десната подлактица. А.И. се упатил во КЦ-Тетово каде му била укажана првична помош, а потоа поради карактерот на повредите со амбулантно возило бил пренесен во УЦ-Скопје. Во 23,45 часот А.Ш. и Л.С. се пронајдени, лишени од слобода и приведени во СВР-Тетово каде се задржани за расчистување на случајот. По целосно расчистување и документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава.