
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава, регистрира земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје.
Овој земјотрес се случи во 12 часот и 52 минути, со Рихтерова локална магнитуда 3.1. Според последните податоци, епицентарот бил меѓу населбите Маџари и Инџиково.
Истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала.