Уставниот суд ја отфрли иницијативата за помилувањата на Иванов

Уставниот суд ги отфрли двете иницијативи за оценување на уставноста на одлуките за помилување на 56 лица од страна на претседателот Ѓорге Иванов, коишто ги донесе во април годинава.

Претседателот Иванов врз основа на одредби од Уставот, како и врз основа на одредби на Законот за помилување и од Законот за дополнување на законот за помилување, а во врска со член 114, Став 1 од Кривичниот законик, на 27 мај 2016 година донел одлуки за поништување на своите одлуки за помилување за сите поедично наведени лица и со оглед на тоа дека тие одлуки веќе не постојат судот ги отфрлил иницијативите, бидејќи тој веќе нема што да оценува, посочуваат од Уставен суд.