
-Сообраќајна незгода се случила помеѓу „Рено 4“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Е. (48) од с.Градец, и „БМВ “ со бугарски национални ознаки, управувано од Д.Б. (26) од с.Градец. Во незгодата В.Е. се здобил со тешки повреди по што истиот бил пренесен во Општа болница Кочани каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување, информираат од полицијата.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип.