
Телевизијата од чие семејство се дел и тие стана полнолетна. Канал 5, која започна како скопска локална телевизија за кусо време се здоби со национална концесија и веќе 18 години зрачи во сите македонски домови, како една од најгледаните телевизии.
Тимот на телевизијата заедно со своите пријатели и соработници славеше во луксузниот амбиент на ТЦЦ Гранд Плаза, а специјално за да ги забавува допатува и српскиот романтичар Жељко Самарџиќ.
Вистина.мк