Иванов изрази сочувство за смртта на Михаил Ковач

– Со длабоко жалење ја примив веста за смртта на еден од основачите на Движењето за демократска Словачка и прв демократски избран претседател на Словачката Република, Михал Ковач. Дозволете ми, господине Претседателe, во овој тажен миг за Вас и за словачкиот народ, од името на граѓаните на Република Македонија и од свое име, да упатам изрази на искрено сочувство, наведува Иванов во писмото.

Во мугрите на независноста на Словачката Република, посочува Иванов, претседателот Ковач придонел за демократизација на државата и нејзините европски и евроатлантски интеграции. Благодарение и на неговите заложби, Словачката Република денес е значајна и почитувана земја-членка на Европската Унија и НАТО, наведува Иванов во  Токму во негово време, Република Македонија и Словачката Република воспоставија дипломатски односи, кои се надоврзуваат на длабоките корени на македонско-словачкото пријателство, стои во пистото со сочувство.