
Европската унија мора да биде непопустлива кон барањата на Велика Британија кога станува збор за условите за нејзино напуштање на сојузот, изјави претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер.
– Не можете со едната нога надвор, а со другата внатре. За тоа прашање мора да бидеме непопустливи. Гледам маневрирање од страна на Британија, изјави тој.
Британската премиерка Тереза Меј вчера рече дека сака одговор кој на Британија и нуди „максимална слобода“ да дејствува на европскиот пазар, додека од друга страна задржува контрола врз имиграцијата.
Јункер на прес конференција во Париз предупреди дека Британија ризикува да „погази се што е изградено“ за шест децении европска интеграција.
Меј најави дека ќе покрене преговори со Брисел за брегзит до крајот на март идната годин