
Здружението на џез музичари и слободни уметници соопшти дека за овој настап покрај неговата редовна соработка со музичарите од Македонија – Кирил Кузманов (саксофон), Сашко Николов (тромбон) и Кирил Туфекчиевски (контрабас), Гоце Стевковски остварил и меѓународна соработка со пијанистот Матијас Гајер и гитаристот Таулант Мехмети кои, како што наведува Здружението, внеле дополнителна енергија на концертот.
Проектот беше поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.