
Бројот на загинатите на Хаити при налет на ураганот Метју се изкачи на 842 луѓе, додека десетина илјади лица останаа без домови, а посевите се уништени, соопшти службата за цивилна заштита и локалните претставници.
„Бројот на жртвите се зголемува од час во час, а голем број на луѓе се повредени, додека околу 61.500 лица се наоѓаат во засолништата“, соопшти Агенцијата за цивилна заштита на Хаити.
Ураганот Метју остави хаос зад себе, па покрај загинатите и повредени луѓе, целосно се отсечени патиштата во неколку окрузи.
Хаити често е на удар на природни катастрофи, бидејќи се наоѓа на патеката на ураганите, а во јануари 2010 година земјата беше погодена од силен земјотрес при што поголем дел од Порто Пренс беше уништен, а загинаа над 250.000 луѓе