
Земјотрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска околу 2,30 часот на северот од Грција.
Потресот е почувствуван и во југоисточна Македонија во делот на Гевгелија и Дојран.
Според податоците од сеизмолошките опсерватории епицентарот бил на длабочина од два километри.