Во Клубот на пратениците во Скопје денеска ќе биде потпишан договор за инвестиција со германската компанија „СТС Текстајлс“.
На потпишувањето на договорот најавено е присуство на претставници од германската компанија и претставници од Владата на Република Македонија.
На настанот ќе се обрати вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски.