Пукање во трговски центар во Мичиген, едно лице убиено

Во пукотница која се случила во еден трговски центар во Мичиген повредени се осум лица, а еден маж е убиени, јавува „Раша тудеј“.

Состојбата на повредените не е позната, како и причината за нападот.

На фотографиите од лице место се гледа искршено стакло од продавница, додека репортер на локална телевизија рекол дека полицијата во моментов го пребарува трговскиот центар.

Засега никој не е уапсен во врска со овој инцидент.