
Фудбалската федерација на Македонија е максимално ангажирана за организацијата на квалифакицискиот натпревар за СП ‘Русија 2018’ вечер против Италија на националната арена ‘Филип Втори’ во Скопје.
„Имајќи предвид дека интересот за овој натпревар е голем и се очекува голем број навивачи, а во интерес да не се создаде несакан метеж пред влезовите на стадионот се замолуваат сите симпатизери порано да дојдат на стадион и да ги заземат своите места, соопштуваат од ФФМ.
Вратите на Арената ќе бидат отворени од 18:45, а ќе бидат затворени 15 минути пред почетокот на натпреварот, кој е закажан од 20:45.