Умерен земјотрес беше регистриран во близина на градот Нафпактос, во западна Грција, пишува весникот „Нафтемборики“.
Епицентарот на земјотресот е локализиран на три километри западно од градот и на 174 километри северозападно од Атина.
Според Европскиот сеизмолошки центар земјотресот бил со интензитет од 4,5 степени, а епицентарот се наоѓал на 18 километри северно од градот Патра.
Земјотресот бил почувствуван во Патра, Месолонги, Агринио и други делови на западна Грција.
Нема информации за евентуални жртви и за причинета материјална штета.