
Филмот кој пред домашната публика беше премиерно прикажан на шестиот ЕХО Фестивал на планински филм во 2015 година во Скопје и доби Посебно признание, потоа беше дел од програмата „ЕХО патува“ и се прикажа во повеќе градови низ Македонија.
– На филмот му претстои успешна фестивалска есен и ќе биде прикажан на Македонскиот филмски фестивал кој ќе се одржува од 22-ри до 23 октомври во Торонто, во ноември ќе учествува на „Банско филм фест“ во Бугарија, а во декември ќе биде прикажан на 14. Интернационален филмски фестивал Катманду во Непал, соопшти продукцијата.
Филмот ја прикажува планинарската транверзала која неодамна се возобнови и се протега низ планинските масиви во западниот дел на Република Македонија. Директор на фотографија е Кирил Шентевски, монтажата е на Горан Вуќиќ. Филмот „Прва македонска транверзала“ е снимен како независна продукција.