
Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „фиат добло“ со велешки ознаки управувано од Д.Ј. (55) и автомобил „Ауди“ исто така со велешки регистерски таблички кој го управувал 18 годишниот Ф.Е.
Со тешки повреди се здобила сопатничката од aудито, В.Е. (41), додека двајцата возачи минале со полесни повреди. Тројцата повредени се пренесени во велешката болница каде се задржани на понатамошно лекување.
Увид на местото на несреќата извршила полициска екипа.