
– Она што го прифати ВМРО е шокантно за мене, во смисла на попустливост на добра волја, мислам дека тоа се е направено за мир во куќа, ние тоа го разбираме како народ и затоа немаше изненадувања во самите структури на партијата затоа што луѓето сфаќаат дека е тешко да излезе на крај со една таква моќна машинерија која преку своите тајни служби е имплементирана во сите структури на едно општеството, посебно што тука е присутна повеќе од 20 години. Имаат разработена мрежа до бесвест и тоа се функционира, притоа тука ако се земат факторите пари, притисок и воен притисок, вели Станковски.
Според политичкиот аналитичар Станковски, меѓународниот фактор е причина за случувањата во Украина, Сирија и Либија.
– Они на пример растурија држави што се многу помоќни, помногубројни и подобро наоружани од Македонија дури и нивната гео стратегиска е подобра од Македонската, граничат со земји што се анти-американски настроени. Такви држави се Украина, Сирија, Либија, истакна политичкиот аналитичар Александар Станковски при своето гостување во „Аргументи“ на ТВ Нова.
Превземено од: Курир