
Според анкета спроведена на примерок од 1.059 потрошувачи низ цела Грција, бројот на луѓето кои јадат во ресторани и синџири за брза храна значително е намален во споредба со 2011 година. Покрај тоа, луѓето ги менуваат нивните навики во исхраната затоа што повеќе не можат да ги купат основните прехранбени производи.
– Грците ги подобрија нивните навики за јадење и се свртеа кон медитеранска исхрана, како резултат на економската криза, изјави претседателот на Центарот за заштита на потрошувачите, Никос Цемперлидис.
Лебот, зеленчукот и овошјето се вратиле на семејната трпеза. Од друга страна, црвеното месо, рибата, помфритот и безалкохолните пијалоци се ограничени само на еднаш неделно.
Слатките, мешункастите плодови, тестенините, пилешкото месо, јајцата и млекото се трошат неколку пати неделно, додека потрошувачката на јагнешко и козјо месо е ограничено на еднаш месечно.