
Ова го истакна вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров во Дневникот на ТВ Сител.
-На панел дискусиите ќе дебатираме на реалните теми. Теми на кои граѓаните може да ги препознаат решенијата на проблемите со кои се соочуваат- на тема економија, инфраструктура, здравство, животна средина, земјоделство, млади, спорт и така натаму. Тоа е реалниот живот, а не маглата која ја наметнува опозицијата, рече Тодоров.
Тој додаде дека еден од основните фокуси кои го има Владата е невработеноста.
-160.000 креирани работни места говорат за успешноста на оваа политика. Да не заборавиме дека СДСМ ја имаше можноста да управува со државата и остави во 2006 година енормно високи над 38 проценти невработеност. И денеска е висока невработеноста, но знаеме и дека невработеноста е намалена на околу 24 проценти. Тоа е огромно намалување на невработеноста и огромен успех, но уште ќе се работи, подвлече Тодоров.
Ние сме подготвени за избори, додаде, и претходно бевме и сега сме подготвени и мислм дека на овие избори граѓаните ќе имаат можност да стават крај на оваа криза и да се определат за проекти и дела.