
Оваа забрана стапува на сила веднаш. ЗАМП Македонија како организација која е овластена да ги преземе сите потребни мерки за спроведување на забраната и заштитата на правата на членовите на ХДС- ЗАМП, а врз основа на склучените меѓусебни договори за реципроцитет, известува дека забраната почнува од 17 октомври.
„Ги следиме настаните во Вашата земја и би сакале да ја изразиме нашата загриженост во однос на тоа дека континуитетот на авторската заштита во Македонија е ставен во ризик, со штетни последици врз авторската заштита и на штета на вредноста на музичките дела на сите автори, домашни и странски“, се вели во соопштението на ХДС-ЗАМП.