Денеска треба да се распушти Собранието

Одлуката за носење на буџетот за идната година и предлог-одлуката за распуштање на Собранието се двете точки што се ставени на дневен ред на денешната собраниска седница.

Иницијативата за распуштање на Собранието ја даде СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ ја прифати под услов претходно да се усвои буџетот за 2017 година.

 

Засега нема најави дека денеска пред пратениците би можеле да се најдат и двата предлог-закони што ги бараше Специјалното јавно обвинителство.