Лидерите на ИД го напуштаат Мосул

Лидерите на т.н. Исламска држава бегаат од ирачкиот град Мосул, додека локалните сили, со поддршка на САД, го затвораат обрачот околу последното упориште на џихадистите во Ирак, изјави денеска американскиот генерал Гери Волески.

Тој ја предводи копнената компонента од командата на коалицијата, на чело со САД, која се бори против ИД.

– Ние им кажуваме на борците на Даеш дека нивните лидери ги напуштаат, изјави Волески преку видео-линк од Багдад.

Тој не сакаше да соопшти колку лидери го напуштиле Мосул, како ни каде заминале, но наведе дека тие се цел на напади додека се повлекуваат.