СЈО со народни пари плаќа активисти кои одработуваат за СДСМ

SJO

Со ангажирањето на Борче Трајковски во СЈО, станува јасно дека мегафоните и „експертите“ на Јанева, кои во секоја прилика се наоѓаа „засегнати“ да коментираат текстови што се однесуваат на СЈО и безрезервно да ја бранат Јанева, се во корелација со хонорарот на нивната сметка.

Вака дел од експертската јавност го коментира последното вработување на активистот Борче Трајковски, во јавноста познат како Боки Бургија.

Станува збор за лице кое беше дел од протестите на СДСМ, говореше и на партиските собири на партијата, и е автор и на голем број колумни во кои можат да се прочитаат критички зборови за владејачката партија. Како што објавија дел од медиумите новото лице на СЈО, Трајковски имал и кривични дела за измама, како и прекршоци од областа на безбедноста во сообраќајот.

Според универзитетската професорка Тања Каракамишева-Јовановска, специјалната јавна обвинителка продолжува до го партизира СЈО и со народни пари плаќа куп шарени активисти, опозициски „експерти“, медиумски мегафони, сите до еден ставени во функција, или впрегнати во одработување на политичката кампања на СДСМ.

Конкретно лицето Борче Трајковски алијас Боки Бургија им е познато на македонските граѓани како дежурен хвалоспевски перјаник на СЈО кој секогаш и во секоја прилика се наоѓа „засегнат“ да коментира текстови што се однесуваат на СЈО и безрезервно да ја брани Јанева и нејзииниот тим од критика, дури и во ситуации кога е срамно да се бранат. И тогаш кога Јанева катастрофално се посрамотуваше пред целата македонска и поширока јавност, Бургија беше тука да пере долен веш. Сега е повеќе од јасно од каде доаѓа потребата да се упатуваат тезгаџиски коментари на текстови што имаат многу длабока стручна суштина. Сега се виде дека нивото и „квалитетот“ на уличарското плукање и навредување од страна на мегафоните и „експертите“ на Јанева е исклучиво во корелација со легнатиот хонорар на нивната сметка. Колку повеќе пари на сметка, толку повеќе гадости во медиумите. Според досегашното темпо и квантитет на истурени гадости во медиумите, очигледно сметките на „активистиве“ на Јанева се позамашно дебели. За многу кратко ќе ги дознаеме и тие детали, вели  за НетПрес, проф. д-р Каракамишева-Јовановска.

Таа додава дека по ова станува јасно зошто Катица Јанева ги крие финансиските извештаи и никој во државата не знае како се трошат парите на граѓаните во СЈО.

На јавноста и е веќе позната најголемата причина зошто специјалната обвинителка Катица Јанева одби да даде детален финансиски извештај за работењето на СЈО пред пратениците во Собранието, и пред Советот на јавните обвинители на РМ. Полека но сигурно во јавноста „испливуваат“ многу познати медиумски ликови кои до сега важеа како дежурни адвокати на СЈО и на Јанева, а од сега натаму како нејзини скапо платени дрвени адвокати. Или како класични платени одработувачи на агендата на СЈО. И тука завршува нивната приказна. Не станува збор за некаква лична верба и определба, а уште помалку за некаков личен интегритет на овие луѓе поврзано со она што го пишуваат и кажуваат по медиумите. Секој пишан или јавно кажан збор од страна на овие платеници има своја конкретна цена, има конкретна тарифа во СЈО која се чува далеку од очите на јавноста, посочува Каракамишева-Јовановска.

Од обвинтелството на Јанева молк. Нема ниту потврда ниту демант дали споменатото лицето е ангажирано од страна на обвинителството и  на која работна позиција. Кои се квалитетите на овој кадар кои биле пресудни за тој да биде ангажиран од СЈО, дали бил објавен конкурс за неговото ангажирање, како ниту дали било проверено досието на споменатото лице.

Ова не е прв случај на вработување и ангажирање на партиски кадри или пак лица кои важат за поддржувачи на СДСМ. Серија „експерти“ се на платниот список на СЈО, а голем број партиски кадри на опозицијата платата ја добиваат од оваа институција, која се плаќа со парите од граѓаните.

СЈО  во минатото беше мета на јавноста и поради нетранспарентни вработувања на принцип на непотизам. Медиумите пред неколку месеци пишуваа дека двајца од вработените во СЈО биле блиски пријатели на Јанева и на нејзиното семејство, вклучително и за вработувања на роднини на повеќе обвинители од тимот на Јанева.