
Од 8.30 до 11.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Радушка“ и „Црногорска“, како и дел од корисниците од улицата „Македонска Преродба“ во општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 9 до 13.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, а од 9 до 14 часот корисниците од улиците „Московска“, „Лондонска“ и „Хелсинки“ во општина Карпош.
Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од населбата „Момин Поток“, а од 9.30 до 11 часот корисниците од селата Живиње, Долно, Средно и Горно Коњари, Чифлик, Дивље и Сушица во општина Петровец. Објектите на ТЦ Омер Компани и средното училиште во селото Сарај ќе бидат без струја од 10.15 до 12 часот.
Како што информира РЦУК на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.