
-Тука сме и да поразговараме и за следните приоритети кои што како партија и Влада ќе ги имаме во периодот кој следи. Сето тоа на еден начин да го заокружиме со една голема победа на 11 декември кога народот ќе го даде вистинскиот одговор на деструкцијата која што две години ја креираше опозицијата и го измачуваше народот. Ние сме решени дека на 11 декември со најголемата поддршка на народот ќе успееме да победиме и да оствариме историска победа, да обезбедиме 63 пратенички места заради понатамошна имплементација на целите и приоритетите на партијата, додаде Ристовски.
На тој начин, додаде Ристовски, ќе обезбедиме стабилна Влада која на еден начин ќе обезбеди продолжување на сите реформи кои што ќе значат развој на Македонија.