
Опозицијата сака што е можно повеќе пријави за сите оние кои што сметаат дека имаат поддршка од народот и со тоа да ги елиминира од политиката. Во тој случај може било кој истражен орган да почне истрага и за сите опозицинери и со тоа ќе бидат дисквалификувани сите, па така нема ни да има избори.
Прашањето инаку инспирирано од изјава на Амбасадорот на ЕУ во Македонија, истото треба да го насочи и кон Хилари Клинтон или Никола Саркози и ред други политичари за кои имаше сериозни сомневања за можни злоупотреби на функциите.
Претседател на општински на ВМРО-ДПМНЕ, за „Курир“ вели дека им пречи тоа што Груевски е популарен и дека направиле се да го дискредитираат, но народот едноставно му верува затоа што работи и остварува од збор до збор, а народот знае дека може да се потпре на него и не прифаќа уцени кога би се барало нешто од него.
-Сега некој сака да дојде некоја тарабука (слушнав Бранко така го викал Заев) и во ВМРО-ДПМНЕ за да може да си спроведува што ќе му текне а е антидржавно. Народот да го обесхрабри и да го демотивира и така кога сака да си прави кој од страна селекција и тој да одбира кој да ја води државата, вели изворот.
Ваквото потценување на јавноста е нешто што е карактеристично за СДСМ и сме го виделе во повеќе наврати.
Од ВМРО-ДПМНЕ од друга страна велат дека е смешно тврдењето на опозициските медиуми а кои се иницирани од СДСМ. Сето тоа велат е поради страв од Груевски како и ВМРО-ДПМНЕ и убедливиот пораз на СДСМ на претстојните избори.
Веќе станува и комичен начинот на кој СДСМ сака да ја избегне волјата на народот и да направи работи кои се против државата. Токму затоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе изгубат на избори, затоа што народот гледа што прават.