
Според информациите на оваа телевизија во експлозијата има повредени, пренесува БТА.
Кон местото на инцидентот упатени се голем број амбулантни возила.
Засега не е позната причината за експлозијата.
Во експлозијата оштетени се голем број возила и прозорци на околните згради.
Според градоначалникот на Анталија Мендерес Турел можно е експлозијата да била несреќа, но истрагата ќе ја утврди точната причина. Тој дополни дека има поголем број повредени лица, но никој не е во критична состојба.