
-По незгодата пешакот Р.В бил пренесен во ЈЗУ Кавадарци, од каде бил префрлен во Клинички центар Битола. По оперативните зафати истиот бил пренесен да престојува во Дом за стари лица „Киро Крстески Платник“- Прилеп, каде на 23.10.2016 година во 14 часот починал, информираат од полицијата.
По наредба на Јавен обвинител вчера во Општа болница-Прилеп, над телото на починатиот била извршена обдукција, по што телото било предадено на семејството за погреб.