
На 11-ти декември граѓаните ќе одлучуваат помеѓу две опции, и тоа ВМРО-ДПМНЕ која докажала дека има прогресивни идеи, работи посветено на економски развој, а дадениот збор и ветените проекти секогаш ги реализира, и опозицијата предводена од СДСМ за која сме имале прилика да видиме какви стратешки национални одлуки носи и колку е подготвена за општествен прогрес и економски напредок.
-Изборот за секој граѓанин кој си ја сака и кој си ја почитува државата е лесен, односно секогаш ќе избере резултати, наместо флоскули, погубни ветувања и опасни игри кои можат да доведат до уништување на нашето национално ткиво. ВМРО-ДПМНЕ во оваа кампања тргнува со целата своја енергија, со силен тим составен од професионалци, стручни и посветени луѓе кои низ годините ја покажале и докажале својата определба за прогресивна и економски силна Македонија. Со објавувањето на извештајот на Светската банка според кој сме рангирани на највисокото досега, 10-то место во светот, ја добивме најновата меѓународна потврда дека Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ знае и може да ја придвижи државата напред, истакна таа.