
Првопријавениот кон крајот на септември или на почетокот на октомври 2016 година на непознат начин дошол во посед на птица-златен сури орел.
-Истиот го однел во дворот на семејната куќа, го врзал со јаже и на таков начин го изложил на непотребни маки и му нанел непотребни болки. Наредниот ден првопријавениот заедно со второпријавениот насилно му ги рашириле крилјата и се фотографирале со орелот. Второпријавениот истиот ден ги објавил сликите на својот фејсбук профил, информираат од полицијата.