
-Станува збор за набавка во вредност од 32,7 милиони денари и со ова се стави во функција нов и најсовремен CT симулатор во државата нешто без што е незамислива работата на оваа клиника имајќи во предвид дека секој пациент пред да започне со зрачна терапија треба да помине на овој симулатор, појасни министерот за здравство Никола Тодорв, кој беше во посета на Клиниката.
Овој симулатор ќе може да опслужува од 10 до 15 пациенти дневно, со што ќе бидат опфатени сите пациенти на кои им е потребен овој преглед.
-Стариот симулатор кој сеуште е во функција планираме да го дислоцираме и монтираме во Битола, каде што ќе биде надополнување на новиот акцелератор кој што исто така е набавен и треба да биде монтиран, додава Тодоров.
-Машината има многу подобра резолуција и е многу понова генерација, брзината со која што работи е поголема за дури 16 пати. Сега можеме да ги работиме сите контрастни методи кои што ни требаат бидејќи ни даваат многу попрецизна слика за крвното снабдување на целата таа регија која што сакаме да ја опфатиме. Исто така и сликата е со многу подобри перформанси, вели директорот на онкологија Милан Ристески.