
За време на престојот, генерал Хоџис ќе има средби со министерот за одбрана Зоран Јолевски и со неговиот домаќин началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски.
Теми на разговор ќе бидат учеството на заеднички вежби и обука меѓу АРМ и Копнените сили на САД за Европа, како и учество на АРМ на меѓународните вежби поддржани од Копнените сили на САД за Европа во 2017 година.