
– Агресијата во Југославија, секако дека беше агресија, рече Лавров.
– Меѓудругото тоа беше прв вооружен напад во Европа врз суверена држава од 1945 година. Сега во врска со сето тоа што се случува во Сирија, нашите западни партнери, пред се Американците, а и Британците, веќе дојдоа до степен на изнесување јавни навреди, употребувајќи зборови како варварство, воени злосторства, рече тој.
– Да потсетам дека агресијата врз Сојузна Република Југославија беше извршена со напади врз голем број цивилни објекти, вклучувајќи ја и телевизијата на Србија и мостови по кои минуваа патнички возови и многу други. Илјадници загинати, од кои неколку стотици деца, милион бегалци, за кои никој оттогаш повеќе ништо не спомна, нагласи рускиот министер.