
Во Демир Капија, Охрид, Штип, Струмица, Дебар и Куманово се регистрирани минус двастепена, минус еден во Пожаране, Виница и Претор, нула во Скопје, Тополчани и Ѓуриште, а пет степени во Дојран и шест во Гевгелија.
Времето денеска ќе биде сончево со слаб, а долж Повардарието умерен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 10 до 17 степени.
Во Скопје сончево со слаб до умерен северен ветер, со температура до 15 степени.
До четврток времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштат под нула. Во четврток попладне ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне ќе има врнежи од дожд, особено во западните и северните делови.