Делови од Скопје и околината денеска без струја

Дел од корисниците во село Чардак утре од 8:30 до 15:30 часот ќе останат без струја, а од 8:30 до 11:30 часот електрична анергија ќе немаат и селата Чучер, Сандево, Мирковци, Горњани, Бањани и манастир „Св. Илија“ во општина Чучер Сандево, информираат од Регионалниот центар за управување со крзи.

Без струја утре во период од 8:30 до 11:30 часот ќе биде село Сарај – делот околу „Ореов лад“ и хотел „Сарај“, како и улицата кон општината Сарај. Од 8:30 до 13 часот дел од улицата Виктор Иго, улицата 553, улицата 368, улицата Дренак и улицата Невена Георгирева Дуња во општина Кисела Вода.

Од 8:30 до 15:30 часот утре без електрична енергија ќе биде дел од селото Волково улица 5 во општина Ѓорче Петров. Во период од 7 до 8 часот улица Ленинградска и дел од 11 Октомври во општина Центар. Утре од 8 до 13 часот без струја ќе биде улица Прашка броеви 54, 56, 58 и 60 и улица Прашка зграда 19 во општина Карпош.

Без електрична енергија утре од 9 до 15 часот ќе биде дел од улицата Борис Бојаџиски и улицата Лука Геров, подулици 14 и 16 во општина Ѓорче Петров и од 9 до 15 часот улицата 9-ти Мај во општина Центар. Од 12 до 15 часот утре без струја ќе биде дел од село Сарај општина Сарај.