
– Се работи за истражувачка документарна приказна која зборува за уцените, трговијата со државни тајни и други афери. Приказната ги следи вистинските случувања во Македонија каде што полицијата уапси група од 20-ина поранешни и сегашни припадници на македонската тајна полиција. Таа т.н шпионска група се занимавала со собирање информации за безбедносната ситуација во Македонија, за структурата на полициските и воените сили, разговори со странски политичари и странски безбедносни агенции во регионот, соопшти продукцијата.