
Американскиот министер за одбрана Ештон Картер изјави вчера дека планот за опколување на Рака, главното засолниште на Исламска држава во Сирија, наскоро ќе биде изработен со расположливите сили и оти преговорите со Турција продолжуваат за улогата, која таа земја би можела да ја има во натамошниот развој на ситуацијата.
– Планираме наскоро да се упатиме таму со сили кои се способни да го опколат градот Рака, рече Картер на прес-конференција.
Тој додаде дека САД продолжуваат да преговараат со Турција за конечното преземање на Рака, како и за можната улога на Турција во натамошниот развој на ситуација.