
Пред киното Маџари површината од 600 м2 е уредена со павер елементи, изработена е бина, просторот е хортикултурно уреден, поставена е нова урбана опрема и дополнителна електрична инсталација. Во состав на плоштадот се изгради и нов паркинг простор со површина од 350 м2, информираа од општината.
Во уредување на плоштадот учествуваа општина Гази Баба и Град Скопје. Изведувач на работите се фирмите Ју-Бај2 и Адра, соопшти општина Гази Баба.