
Со намалена камата од 3,75%, единствено во Адора инженеринг, со кредит во Охридска банка Сосиете Женерал, граѓаните имаат екстра поволна можност полесно да станат сопственици на нов квалитетен дом и деловен простор од овој потврден градежен бренд.
За станбен кредит во износ од 30 илјади евра, со рок на отплата од 20 години и вклучено кредитно животно осигурување, месечната рата за купен стан во првите 3 години е 185 евра, а од 4-тата до 14-тата година ратата е загарантирана на износ од 217 евра.
Кредитот План за стан – 2030 од Охридска банка Сосиете Женерал е со најдолго гарантирана фиксна каматна стапка до крајот на 2030 година, а во промотивниот период до 17-ти февруари 2017-та година, клиентите се ослободени од сите банкарски трошоци (административни трошоци, трошоци за апликација и проценка на имот).
Корисниците на овие кредити имаат единствена можност да користат и пакет за кредитно животно осигурување што на семејствата им овозможува посигурна иднина со заштита од оптоварување со долгови кон банката во случај на немил настан покриен со осигурувањето.