
Според неа, сите активисти од соросовите невладини кои учествуваа во насилните протести во кои беше напаѓана и полицијата се токму оние кои редовно се противат на начинот на дејствување на единиците од „Алфа“ тимовите во полицијата – освен кога дел од припадниците на овие тимови, за кои јавноста дозна дека се кадри вработени од Оливер Спасовски – не им одат „од полза“ на приказните кои ги смислуваат соросовите активисти и имаат за цел дискредитирање на членови на власта.
Ванковска пишува:
„Не така одамна, сите НВО и активисти велеа дека “Алфите” се лошите момци, кои пречекоруваат овластувања, кои не се легитимираат, кршат човекови права, употребуваат насилство, итн. Перцепцијата се смени и буквално преку ноќ, истите станаа добрите момци. Just saying…“