Пациентот во „8-ми септември“ починал од срцев удар,семејството се извинило за демолирањето

Четириесет и петгодишниот Е.А. од Скопје е пациентот кој вчера докторите од Градската болница „8-ми Септември“ неуспеале да го реанимираат, информираат од полицијата.

Според полицијата, против членовите на семејството на починатиот кој синоќа го демолираат Ургентниот центар во болницата откако им било соопштено дека нивниот роднина починал, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Инаку, ноќеска во болницата дошол братот на починатиот кој се извинил за инцидентот и потпишал документи дека не сака врз телото на починатиот да се направи обдукција.

Снимките направени од камерите во болнциата покажале дека најголемата штета, кршењето на влезната врата во Ургентиот го направил вработен во НИКОБ фирма која е ангажирана да ја обезбедува болницата, а починатиот му бил вујко.

На скопјанецот. му се слошило дома, по што членовите на семејството го однеле во приватна здравствена установа во Чаир, каде му била дадена терапија. Поради сериозноста на состојбата тој со возило на Итна помош бил пренесен во болницата „8 Септември“.

„Реанимацијата на пациентот почнала уште во возилото на Итна помош, од каде нашите лекари биле информирани дека доаѓа пациент во тешка состојба и екипата подготвена чекала да му пружи помош. Обидите за реанимација траеле 40 минути, но на крај за жал завршиле неуспешно. На телото на починатиот не биле забележани знаци на насилство, поради што веројатно станува збор за срцев удар “ објаснува директорот на „8 Септемрви“ Сашо Стојчевски.

Откако на роднините им било соопштено дека пациентот е мртов, тие се втурнале во салата за реанимација ги истуркале апаратите, скршиле неколку епрувенити и шприцови. Телото на починатиот со количка го изнеле надвор од болницата, по што го качиле во возилото на Итна помош и го однеле дома.

„На камерата се гледа дека вртата ја крши лице кое е од обезбедувањето на „Никоб“, фирма која е анжарина да ја обезбедува болницата и очекуваме тие да ја надоместат штетата“, вели Стојчевски.

Лекарите, медицинските сестри и другите пациенти што биле во Ургентниот центар не биле повредени во инцидентот, но сепак биле многу исплашени од дивеењето на роднините на починатиот пациент.

Од полиција објаснуваат дека за случај е известено и Јавното обвинителство и дека по комплетирањето на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави против сите кои учествувале во инцидентот.

Од болницата информираат дека Ургентиот центар денеска работи нормално.