Каракамишева: Листите на СДСМ се партиска награда за „шарените револуционери“

каракамишева

„Имено, да не заборавиме дека Социјалдемократскиот сојуз и шарените револуционери постојано беа во директна координација и во директен дослух меѓу себе, така што ставањето под грижа на овие кадри коишто беа експонирани во таа т.н. „Шарена револуција“ од страна на Зоран Заев и на Радмила Шекеринска, воопшто не ме изненадува, напротив, сметам дека тоа е едно вистинско оддолжување за она што тие го направија во изминативе неколку месеци“, вели Каракамишева.

Професорката Каракамише потсети на секојдневното фарбање на главниот град Скопје, реметењето на движењето на сите обични граѓани, еден невиден циркус што беше и широко покриван од страна на новинари и во други земји.

„Ова е само еден вид давање на партиска награда за тоа што „револуционерите“ го правеа во корист и на сметка на интересите на Социјалдемократскиот сојуз“, рече Каракамишева.

„Сега само се симна превезот, се тргна политичката магла и сега веќе на сите им е јасно за кои цели и зошто беа вклучени шарените револуционери во политиката и која беше нивната последна задача“, додаде Каракамишева.